10 факти за Византија кои можеби не ги знаете

Источното Римско Царство, кое денес популарно се нарекува Византија, според античкото име на Цариград – Византија, постоело повеќе од илјада години. Оваа империја денес се смета за една од најважните во историјата.

Прочитајте некои од најинтересните факти за империјата, која во голема мера го обликувала светот во средновековниот период.

1. Според легендата, на местото на денешен Истанбул или поранешен Цариград, на бреговите на Босфор, во 657 година п.н.е. постоел античкиот град Византија. Го основале грчки колонисти од Мегара. Градот бил обновен од императорот Константин Велики. Го прогласил за главен град на империјата во 330 година. Во негова чест, градот го добил името Константинопол.

2. Со падот на Рим, во 476 година, Западното Римско Царство престанало да постои. Источното Римско Царство постоело уште долго време после тоа.

3. Терминот Византиска империја е современ. Го измислил германскиот историчар и филолог, Хеони Волф, во 16 век. Византијците се нарекувале Римјани, а нивната империја Романија (Ῥωμανία) или Василија Ромеон.

4. Византијците први користеле рузмарин, како додаток во печено јагнешко месо. Исто така, први користеле шафран, еден од најскапите зачини во светот. И шафранот и рузмаринот до тогаш имале широка примена во светот, но на сосема различни полиња.

5. Слатките и десертите биле многу популарни во Византиското Царство. Сутлијашот се служел со мед и цимет. Грутата (вид десерт) била засладена со мед и пропрскана со семе од рогач и суво грозје.

Тие биле меѓу првите кои започнале да користат лимони, портокали и модри домати. Лебот се јадел во големи количини. За ова пишува и во прирачникот на гратската управа на Константинопол од 9 век. Овој прирачник сведочи за привилегиите кои ги имале пекарите. Тие не требало да дадат одзив на било каква јавна служба или должност.

6. За време на владеењето на Ираклиј I, од 610 до 641 година, армијата и администрацијата во империјата биле преструктуирани. Наместо латинскиот, за службен јазик бил избран грчкиот.

7. Најдолго со Византија владеел Василиј II. Најпозната приказна поврзна со него е онаа со заслепувањето на самоиловите војници. Заслепил 15.000 војници, оставајќи му по едно око на секој стоти војник. Откако ја видел својата слепа војска, цар Самоил доживеал срцев удар и починал.

8. Византиската царица Ирина е прва жена што владеела со Византија (797-802 год). Избрала да носи титула на цар, а не на царица.

9. Со империјата владееле династиите Комнини (1057-1059 год), Дука (1059-1078 год), повторно Комнини (1081-1185 год), Ангели (1185-1204 год), Никејска империја (1204-1261 год), Палеолог (Обновена Византија) (1261-1453 год).

10. Конечниот пад на Константинопол се случил во 1453 година, кога паднал под османлиска власт.

Прочитајте ги овие историски факти за Хитлер, пред да стане диктатор.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!