Недосонуван сон

Те молам, пушти ме.
Нека бидам неостварена желба,
нека бидам недомечтаена метчта.
Илјада пати проколни ме и опцуј ме.
Мрази ме што сум ваква.
Само, те молам, пушти ме.
Ослободи ме.
Можеби само така секогаш твоја ќе бидам.

Јас ќе те пуштам.
Ќе те ослободам.
Недосонуван сон ќе ми си.
Некој што можел јавето да ми го смени,
ама јас не сум му дозволила.
И можеби илјада пати ќе се покаам,
илјада пати самата себе ќе се проколнам.
И нема да си простам.
Нема никогаш да си простам.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!