Разговор меѓу предрасудата и копнежот

Во текот на нашиот живот често пати се судираме со самите себеси. Голем дел од нашите внатрешни судири настануваат како резултат на неусогласеност меѓу нашите предрасуди и нашите копнежи. Прочитајте го овој замислен разговор меѓу предрасудата и копнежот, кој можеби ќе ви помогне да надминете некоја дилема.

„Не можам да излезам со тебе.“ рече предрасудата.

„Би можеле да се шетаме по тротоарите, рака за рака.“ ѝ шепна копнежот.

„Може да ме види некој познат.“

„Тогаш, ќе одиме некаде каде што нема никој.“ одговори копнежот.

„Дури и да излеземе, ќе ми биде непријатно ако ме видат со тебе.“

„А како би било ако излеземе само како познаници?“ праша копнежот.

„Како да не треба да се бираат и познаниците?!“ продолжи предрасудата. „Не, јас никако не можам да излезам со тебе!“

Колку убави мигови пропуштаме само затоа што сме робови на сопствените предрасуди?

Прочитајте како да се ослободите од токсичните луѓе во вашиот живот.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!