Антоан Мари Роже де Сент-Егзипери (француски: Antoine de Saint Exupéry) — роден на денешен ден 29 јуни 1900 во Лион, Франција, а починал на 31 јули 1944 летајќи над Средоземното Море. Тој е француски писател, поет, воздухопловец и репортер.
Тој е најпознат по романот Малиот принц, објавен во Њујорк во 1943 година, заедно со неговите лични цртежи, а во 1946 година бил објавен во Франција. Оваа книга напишана за „возрасните кои заборавиле дека некогаш биле деца“ набргу постигнала светски успех.
Прочитајте неколку негови цитати кои ќе ве воодушеват.
1. „Љубовта не е да гледате еден во друг, туку да гледате во истата насока.“
2. „Вистинската љубов почнува онаму каде ништо не се очекува за возврат.“
3. „Познавам само една слобода, а тоа е слободата на умот.“
4. „Да се биде човек, значи да се биде одговорен. Да се почувствува, положувајќи го својот камен, дека помагате да се изгради светот “.
5. „Каменот престанува да биде камен во оној момент кога човекот размислува за него и во него гледа слика од катедрала.“
6. „Она што пустината ја прави убава е фактот дека некаде крие извор.“
7. „Во задоволството на авантурата и победата човек наоѓа вистинска среќа.“
8. „Љубовта не е да гледате еден во друг, туку да гледате во истата насока.“
9. „Само со срцето можете да гледате вистински. Она што е суштинско важно е невидливо за окото.“
10. „Интелигенцијата е добра само кога работи во служба на љубовта.“
11. „Нашите несреќи исто така не прават богати.“
12. „Не очекувајте ништо од човекот кој работи само за свој живот, а не за неговата вечност.“
13. „Она што му дава смисла на животот, дава смисла и на смртта“.
14. „Војната не е авантура. Војната е болест. Како тифус“.
15. „Кажи ми кој ти се восхитува и сака, и јас ќе ти кажам кој си“.
16. „Земјата нè учи повеќе за нас самите од сите книги заедно. Затоа што таа ни се спротивставува. Човекот се открива себеси кога се мери со пречката “.
17. „Најубавата работа на човекот е да ги обединува луѓето“.
18. „Не ми е важно дали Бог постои! Бог му далва на човекот божественост “.
19. „Зошто да се мразиме? Треба да сме солидарни, живееме на иста планета, екипаж сме на еден ист брод “.
Прочитајте ги и следниве изреки и цитати од Нора Ефрон.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.