Нека оживее – Елена Ангелеска

Гледаш младо Сонце, пушти да нѐ осветли
Слушаш тивка музика, запеј па развесели
Видиш луѓе мнозина, шепни им надеж да оживеат
Ѕирни јато птици над нас, од радост нека нека расцрорат.

Младоста, направи ја помлада да ни биде.
На убоста, прелив од убавини истури ѝ.
Љубовта, со жар црвенило зарумени ја.
Насмевката, во бисер белина преточи ја.

На природата, со природна реткост
возврати ѝ.
Пријателствата, во бесценет синџир
затвори ги.
На здравјето, живтниот век порасни го.
А на чувствата, дај им сила да прозборат.

На среќата, вруток непресушен да ѝ е.
На тагаат, трагот во бездна да ѝ заврши.
Дождот, нека ја одмине полјаната наша.
Ветерот, правецот на струење да го смени.

Вложувај, менувај, делувај,
Животот само дата на раѓање да ни има.
Па во полн ек да оживее,
Па во цут да се накити,
Од арнини и добрини,
покрај речните брегови да завирее.

Па да распука денот со изгрејсонцето.
И зората со моќта своја да зазори.
И гулабот на гранка, утрата да ги најави
па да бликне живоста од зад планините.

Слушаш ли животе, каков треба да бидеш?
Спакувај ги куферите од зад
твоите недостижни висорамнини,
И дај им живот на нашиве предели и места.
Огреј ги злато-жолта сончевина.
Патот до мирољубието, испиши им го.
Всели се во душата, домовите, маалата.
И просветли нѐ со таа живородна прашина.

Живеј со нашите животи!
Местото твое покрај нашето е!
Диши во раскош, издишувај восхит!
Смешкај се на децата, гали ги потајно,
Со тивкото отсвири ни ја мелодијата
на која ти успеваш, растеш, живееш…
И остави покрај тебе, сѐ друго да оживее!

Животе, стани сврти се и пак
на исто врати се!
Животе живоописен, оживеј!
Распостели се силно живородно,
И слушај ги пораките до себеси:
Нека се јави!
Нека прозбори!
Нека ОЖИВЕЕ!

Елена Ангелеска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?