Мак Диздар, поетот којшто во 1969 година добил Златен венец на Струшките вечери на поезијата, во неговото сромно творештво оставил мудрости. Тој е еден од најпознатите босански поети. Прочитајте ги неговите цитати кои имаат своевидна длабочина.
1. „Во животот треба мудро да молчиш, но кога зборот ќе го речеш нека биде тежок како секоја вистина, нека биде кажан за човекот“.
2. „Земјата е посеана со смртно семе, но смртта не е крај бидејќи смртта всушност ја нема. И нема крај. Со смртта е само објаснета патеката на искачување од гнездото до ѕвездата.“
3. „Си дошол овде каде што е најнеблагодарно да се дојде. Овде каде е најлудо да се стигне. Овде каде сепак најјуначки би било да се никне, бидејќи овде не се живее само за да се умре, овде се умира за да се живее“.
4. „Надгробниот споменик за мене е она што не е за другите, она што на него и во него другите не го внеле ниту знаеле да го видат. Камен е, но е и збор, бидејќи земјата, но и небото е материја, но и дух, е крик, но и песна, е смрт, но и живот, е минато, но и иднина“.
5. „Треба да живееш помеѓу луѓето, а зборови немаш. Треба да живееш меѓу волците, а заби немаш. А дури како ќе разликуваш човек и волк и волк и човек“.
6. „Создаден во тело, затворен во кожа. Сонуваш небото да се врати и размножи“.
7. „Кога се смеев, со тоа се греев. Сѐ на сѐ, кога се смеев тогаш и бев…“.
8. „Никој не знае каде е таа, малкумна знаеме, но е познато“.
9. „Не напишав многу. Ми се чини дека добро пишував. Би сакал да пишувам уште помалку. И уште подобро“.
10. „Ти си се наканил по секоја цена да ме уништиш. Но никако да го најдеш вистинсиот пат до мене…Ти не знаеш ништо за мојата мапа на патишта. Ти не знаеш дека патот од тебе до мене не е исто што и патот од мене до тебе“.
Во продолжение неговата песна „Модра река“.
Прочитајте ги и следниве мисли и занимиливости од животот на Никола Тесла.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.