Беше минал
месец мај,
сред улица
крај цветна липа
сликар еден
си наместил штафелај,
врз платното бело
едно чудо
разни бои
вешто сипа.
Па сега
и среде зимо
како да е
месец мај,
ни мириса
цветна липа,
си пиеме
липов чај.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.