Добитникот на нобелова награда од 1957 година, Албер Ками, познат е по своето дело „Странецот“. Бројни читатели ширум светот до ден денес уживаат во начинот на кој Ками ги доловува мислите на ликовите во неговите дела. Во творештвото на Ками се поставува прашањето на смислата на живеење. Еве што вели Ками за љубовта, страдањето и среќата:
„Секој се обидува да го направи својот живот уметничко дело. Ние сакаме љубовта да трае, иако сме свесни дека тоа е невозможно. Дури и за некое чудо, да трае цел живот, сепак ќе биде нецелосна. Можеби, низ оваа незаситна потреба за овековечување, треба подобро да го разбереме човечкото страдање, ако знаеме дека е вечно. Се чини дека големите умови, понекогаш, се помалку згрозени од страдањата отколку од фактот дека тие не траат. Во недостиг на неисцрпна среќа, вечното страдање барем ќе ни донесе судбина. Но, ние ја немаме ниту таа утеха и нашите најлоши агонии завршуваат еден ден. Едно утро, по многу мрачни ноќи минати во очај, непомирливиот копнеж за живот ќе ни го соопшти фактот дека сè е готово и дека страдањето нема поголемо значење од среќата.“
Прочитајте што вели Орхан Памук за нештата потиснати во минатото.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.