Ти си ми поезија

Ти си ми поезија
рима во секој мој здив
Сказна за вилини коњчиња
и самовили прераскажувани
Ти си ми поезија
строфа во секој мој чекор
ме возбудуваат твоите 170 херци
Ти си ми поезија
Ти си ми песна
Ти си сѐ само среќна, не
Да сум Хендрикс, па да испратам Ангел
да сум и По да пратам и Гавран
но ти си ми поезија
ти си муза
Ти си воздухот кој го дишам
здивот кој го задржувам
кога ќе го погледнам
лицето, твое
заборавам кој сум
каде сум
заборавам како се пишува поема
заборавам на сѐ
Но си, таму некаде помеѓу дрвореди
талкаш со мислите по хоризонти
додека јас пишувам за тебе

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?