Skip to content

Изговори малечок збор – В. Подгорец

Изговори малечок збор
со погледот, со насмевката,
збор што не ќе го измислат утре,
што не бил роден вчера.
Тој ќе му даде свежа боја на цветот
и зелена крв на тревката.
Таков збор изговори.
Невидлив но тврд столб.
Збор ‒ вера.

Подари ми таков збор.
Незабележлив и без цена,
што има својство на постојан оган,
збор што грее.
Неговиот живот ќе кружи
во секоја моја вена.
Во крвта моја несмирена
неговата жар ќе тлее.

Напишете коментар