Skip to content

Важна животна лекција научена во училиште (кратка поучна приказна)

Во следнава поучна приказна се наоѓа целата суштина на една важна животна лекција што се учи во училиште. Прочитајте ја!

Ученик на грбот од својот соученик залепил лист на кој пишувало: “Јас сум глупав”, а од останатите соученици побарал за тоа да не му кажуваат. Се случило потсмевање и исмевање на тој ученик, а тој за истото не знаел ништо. На следниот час наставникот по математика поставил тешка математичка задача. Единствениот ученик кој го знаел решението на задачата бил оној којшто имал хартија на грбот, потоа се пријавил, излегол пред таблата и ја решил задачата.

Наставникот ја видел пораката на грбот на тој ученик, па побарал аплауз за соученикот што го имал точното решение, а потоа станал, го тргнал листот од неговиот грб и му рекол: “Ти можеби не знаеш дека на грбот имаш лист. Како што не знаеш што пишува на него!”.

Претпоставувам дека авторот на оваа порака е еден од твоите соученици, а останатите се негови соучесници.

Потоа се обратил до целиот клас и рекол:

“Пред да го казнам оној кој го направи ова, сакам да укажам на две работи.

Прво, ова што му го направивте на колегата ќе ви се случува во текот на целиот живот. Колку и да напредувате, ќе се најдат такви кои ќе ви лепат етикети за да ве спуштат, обезвреднат и понижат. Ако вашиот соученик кому ја залепивте оваа порака на грбот знаеше за нејзе, веројатно немаше да се пријави за да ја реши задачата. Кога тоа ќе во се случува вас, тие злонамерни етикети ќе ви ги лепат, игнорирајте ги и продолжете да напредувате.

Второ коешто сакам да го истакнам е дека вашиот соученик меѓу вас нема искрен пријател. Нема такв кој ќе биде подготвен да застане покрај него, да го извести за лошите намери од другите. Да го заштити и да ги тргне етикетите од него.

Поука: Не е важно да се има многу пријатели, туку важно е покрај себе да имате некој во кој ќе имате доверба. Да имате некој на кој ќе можете да се потпират. Оној кој ќе го тргне листот за кој вие не знаете ниту вашата река може да го дофати”.

Прочитајте ја и приказната за момчето и желбите.

Напишете коментар