Skip to content

Кога ќе те сретнам тебе

Денес знам.

Утрешнината нема да ми избега.

Минатата година не мислев на утрешнината.

Мислев на минатото.

Не знаев дека брзината на утрото е побрза

Од мојата мисла за утрешнината.

Којзнае што ќе мислам утре.

Којзнае колку е брза брзината.

Брзината на животот.

Но, денес знам.

 

Треба да направам нешто

Да ја победам паметтa

Мудроста да ја извлечам која се крие под магливите неукости

На земјата која сувопарно замира под нашиот чекор

Да ја откорнам од под прашливите корења кои се испреплетиле

Да ја однесам до крајот на светот

Да ја фрлам во незнајното море

Да стане незнајна

Да не бидам паметна

Кога ќе те сретнам тебе…

 

Напишете коментар