Треба да разбереме дека животот е трнлив пат и секој гледа како да се издигне над проблемите. Многу луѓе ќе се обидат да ве навредат и да ве понижат. Тоа може да направи да се сомневате во вашата вредност. Затоа, добро е да ја прочитате приказната што следува. Запомнете ја и сетете се на неа секогаш кога ќе се најдете во слична ситуација.
Говорникот го започнал семинарот така што подигнал банкнота од дваесет долари. Во преполната сала прашал: „Кој ги сака овие дваесет долари?“ Публиката почнала да крева раце. Повеќе од нив ги сакале тие дваесет долари. Потоа говорникот продолжил:
„На некој од вас ќе му ги дадам париве, но прво дозволете ми да направам нешто.“ Говорникот ги истуткал парите. „Кој сè уште ги сака овие пари?“ Иако истуткани, луѓето пак кревале раце за ги добијаат тие дваесет долари. „Но што ако го направам ова?“ Говорникот ги фрлил парите на земја. Почнал да гази врз нив.
Ги подигнал повторно, сега истутканите и валкани пари. „Дали некој пак ги сака овие пари?“ Луѓето пак кревале раце. „Драги пријатели, сега сите научивме една важна лекција. Безразлика што направив со парите, вие пак ги сакавте затоа што тоа не ја намалуваше нивната вредност.
Тие пак си вредеа колку дваесет долари. Многу често во нашиот живот ќе бидеме згазени, истуткани. Ќе паднеме на земја и в кал заради одлуките кои ќе ги донесеме и околностите кои ќе се најдат на нашиот животен пат. Некогаш ќе се чувстуваме безвредно.
Но што и да се случи, никогаш нема да ја изгубиме својата вредност. Луѓето сакаат да го понижат и да го навредат оној кој вреди. Вие сте посебни. Тоа немојте никогаш да го заборавите! Верувајте во себе и во најтешките моменти. И кога ќе паднете и кога ќе потклекнете. Дури и кога другите ве мачкаат со кал, вие и натаму вредите!“
Прочитајте ја и следнава приказна за важната лекција научена на училише.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.