Покрај кујната под прозорецот, кога и денови тежат,
Полкан и Барбос на сонцето греејќи се лежат.
Иако, пред порти попристојно да стражарат би било,
бидејќи се сити, да пладнуваат им е помило,
притоа пци од ред беа,
на никого тие дење не лаеја,
туку во разговор сладок влегоа за се и сешто
како и тоа за својата песја служба,
за добро и зло
и конечно за својата песја дружба.
“Дали може,” вели Полкан,
“Нешто поубаво да биде одошто со пријател со сето срце да бидеш виден? Еден на друг при рака, секогаш да му се најде,
Без пријател затоа да легнеш нема фајде.
Или во опасност бил, ако треба жртвувај се, ајде.
Еден на друг сѐ во очи да му види –
час да може да предвиди.
Пријател да развеселиш, утешиш или бодриш и за пријателска среќа целиот да се сториш модар.
Кога и ние, на пример, такви би биле и пријателство би склопиле –
јас ќе речам смело: Не би ни почувствувале како времето мине.”
“Тоа е вистина убаво дело. ”
Одговори Барбос преку рамо.
“Подароче мое, на тоа мислам само,
оти пци сме во двор еден,
без тепачка да не помине баш ни ден.
А поради што? Фала му на стопанот што е така лесно.
Затоа што ниту сме гладни, ниту ни е тесно.
Па, срамно е навистина за нас.
Некогаш за пријателство како пример беше пес.
Сега меѓу пци е така,
како и меѓу луѓе вака,
да се види толкава мака – да покажеме дека во наше време тоа замрено не е!” Викна Полкан.
“Дај ја шепата.”
“Еве ти ја, на.”
И меѓу нови другари, тоа гушкање, тоа бакнување,
од радост не знаат со кого да се споредат.
” Оресту мој! Пиладу мој! Збогум кавги, завист и навреди!”
За несреќа, готвачот од кујна,
фрли коска една.
По неа пријателите се втурнаа во трка бедна.
Договор и мир, каде се тие сега?
Пилад со Орест се бори и од него бега.
И голема битка се развила велат
додека со вода не ги полија за да ги разделат.
Светот со такво пријателство е полн.
За сегашните пријателства може да се рече:
Во пријателство безмалку не се исти, наслушни и чиниш душа во нив е една
Им фрлиш ли коска,
на твоите пци личат.
Прочитајте го и расказот “Каде одат очите на пиратите?”
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.