Skip to content

Не те заслужува мажот што не знае да го прави следново

Не ти треба маж што не знае да сака, драга моја. Таквиот не се сака ни себеси, не знае што е љубов. Не му била прикажан начинот на нејзино несебично давање и примање во огромни количини. Не е само тој виновен, не го обвинувај, но бегај подалеку од него. Не дозволувај да ти го скрши срцето таков маж оти ти ќе бидеш самата виновна за тоа ако му дозволиш.

Не ти треба маж што не знае да си го одржи зборот. Батали изреки од типот „арен маж на збор не си стои“. Ако не го одржува дадениот збор, како ќе му веруваш? Кога неговите зборови и дела не се усогласени тој не е ниту арен ниту чесен, а богами ни искрен. Не им верувај на таквите кои не си ги усогласуваат ветувањата и постапките.

Не ти треба маж што знае да ја пробуди љубовта во тебе, а потоа исчезнува и не знае да ја одржи. Таквиот не знае да ја возврати љубовта што ја пробудил. Некој мудар ум имаше речено дека ваквиот маж е најголема кукавица – бегај од таквиот! Не ти треба маж што не знае да чека, нетрпелив и избувлив. Не ти треба таков кој нема трпение за сѐ поврзано со тебе. Таков кој не знае да ја согледа твојата страна и кој не се ни обидува да се стави во твоја кожа. Емотивно недостапен и несозреан маж дефинитивно не ѝ треба на возрасна и зрела девојка.

Ако не може да те расположи кога ти е најпотребно тоа, не знае како со тебе. Ако не ти е најголема поддршка, најголем фан, истовремено најдобар пријател, рамо за плачење и романтичен партнер, пушти го. Нека најде друга која би се задоволила со помалку. Ако не е подотвен да се бори за вас двајца и вашата врска најверојатно не му значи доволно она што сте го создале заедно. Ако не ги брани своите ставови и не е на твоја страна пред другите (не те поддржува ако некој те нападне) дали ти треба таков?

Не те заслужува маж кој не е подготвен да те одбрани во твое отсуство. Уште помалку те заслужува маж на кој не можеш да се потпреш, кој ги издава и најмалите тајни за кои си му се доверила. Не те заслужува драга девојко секој оној поради кој ќе се запрашаш дали вредиш и дали си доволно достојна за него! Достоен не е за тебе секој кој не е подготвен да те сака вистински, како што заслужуваш. Под тоа “сака“ се крие цел еден систем на вредности кои ги имаш, но и ги бараш во животниот партнер.

Не ти треба маж што ќе те опсипува со комплименти само за да те придобие, а истите не би ги потврдил во живо и наизуст пред други во реалниот живот. Не се потпирај на слаткоречивите зборови што би ги прочитала во инбокс кога тој самиот нема да стои зад нив. Му служат само како мамка да ти се наметне, да проба да влезе во твојот свет.

Не ти треба маж што вели дека си најубава, а истото им го кажува уште на пет жени. Ако тој нема очи само за тебе и во мислите му се мотаат уште две-три други на кои им го вика истото, не те заслужува. Не му го подарувај срцето на оној кој те гледа како резервен план. Не те заслужува оној кој те третира како втора/трета опција. Ти заслужуваш да бидеш нечиј прв и единствен избор.

Не ти треба маж кој нема време за тебе. Еден ден ти го посветува целовнимание, пишувате/комуницирате постојно или сте го поминале цел ден заедно, а наредните денови го нема никаде. Не заслужуваш несериозност и неконзистентен однос. Ти треба таков кој ќе биде постојано присутен без да ти сервира изговори зошто “бил отустен“.

Не ти треба маж кој не те гледа во очи кога му зборуваш или ти зборува. Отсутниот поглед може да значи повеќе работи, но ти заслужуваш комплетно внимание и целосна посветеност. Ако не му се залепени очите во тебе и ако не се разбирате со поглед тешко дека подоцна ќе се разберите на друго место.

Не ти треба маж кој не е искрен со тебе. Таков кој не знае да ги почитува жените, а и другите луѓе. Не ти треба маж кој не ти го дава вниманието кое ти е потребно. Не ти треба маж кој не знае да те цени. Не те заслужува оној кој не е свесен каква жена имал среќа да пронајде.

Не ти треба маж кој сака да е привремен гостин во твојот живот. Иако сите ние во одреден животен филм “играме некоја сезона или неколку епизоди“, заслужуваш таков кој ќе сака да остане покрај тебе до самиот крај. Тој би бил сигурен дека сака да остари во твоја близина. Би сакал да гледа како ти се менува изгледот, каде и  колку брчки ќе ти се појават.

Не ти треба маж кој не е сигурен во врска со тебе. Кога тој не е сигурен за вашиот однос и сѐ што се однесува на вас двајца, запрашај се поубаво дали треба да му дадеш шанса. Заслужуваш таков кој ќе биде комплетно сигурен дека сака да чекорите заедно по патеките на животот.

Каков маж не ти треба? Пиши ни во коментар според тебе кои мажи не заслужуваат да се дел од животот на една жена!

Напишете коментар