Галеб

Прелетуваш со брзина на ветрецот син, на ветрецот струен

Не те познавам, но знам дека крал си на небото од светлина задоен

Ме повикуваш кон широчини морски, кон падини полни борова шума

Таму не знае никој каква е мојата дума,

Можеби ќе ме сретнеш, ќе ме прегрнеш со твоите крила

Можеби ти ќе дознаеш каде мојата љубов се скрила

Можеби еден ден ќе ми шепнеш како да полетам во небеска шир

Можеби ќе ми кажеш како да најдам мир

Ќе ме спасиш од земни страсти, од човечки опасности

Ќе го донесеш Сонцето во моето срце

Ти ќе бидеше моето изгрејсонце.

 

 

Ох, галебу бел силен, зарем толку си ми милен?

Зарем душава само ти можеш да ја спасиш?

 

 

Никој не знае каде е силата моја,

Боженствена е таа, спасоносна, ширна,

За сечии гради, за сечија желба да биде спокојна мирна.

Таа душа знае да разлее, да шири

Во небесни златести шири.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!