За денеска како предлог ја имаме безвременската песна ” Elo Hi (Canto Nero)” напишана од Горан Бреговиќ и испеана од Израелската Мадона, Офра Хаза. Песната е напишана за филмот “Кралицата Маргот” од 1994 – та година. Текстот е на хебрејски јазик, а самата песна е базирана на култната песна од Бијело Дугме “Када одем, кад ме не буде”.
Оваа песна е една од најмеланхоличните, најочајните, најемотивните и најкревките песни што некогаш биле испеани. Уште при првото слушање оддава впечаток како да не припаѓа на овој свет.
Уживајте!
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.