Странецот на гробот – А. Лефкоска

Без никаков повод,
му пријдов на странецот над гробот.

Носеше со себе темјанушки расцветани
и воздишки низ солзи што се губеа
во ветерот разлетани.

Косата му беше бела – побелена,
предната страна на капутот раскопчана,
развејана низ воздухот со мирис на смола и босилек,
воскресение, смрт и повторно раѓање.

“Кој ти лежи тука?” Тивко ја прашав гледајќи ја,
проплака нечујно над плочата безимена.

“Тука ми лежи љубовта.
Црна искра моја – згасната,
во срцево ни сега неизгсната.”

Се расплака пак тивко и без глас,
плачеше можда минута или час:

Време не паметам,
ниту чувстувам,
веќе не ни сонувам,
низ гробови талкам,
само за повторно да заживеам.

“Црна искра твоја..
Црна искра твоја присутна или скриена? ”
“Една моја по туѓи постели со мене прегрната,
никогаш непреспиена.

Во зорите пред петел да кукурика неволно испратена,
низ градини господарови со наведната глава искрадена,
Црна Искра моја цел живот жалена и тажена.”

Наеднаш ко да се разбуди од сонот,
ја крена главата странецот над гробот.

“Пред очи…Пред очи ми умираше тивко,
а јас ги извадив да не гледам –
проклет мој живот,
срце без храброст,
ќорсокак пред олтар,
цел живот роб на еден голтар
што народ го одбра,
Затворена ко со решетки
во една тажна, темна соба.

Погрешен мирис на чаршафите,
штом Црна моја Искра замина,
одек на мразот во чашите искршени
Ко парчињата на душата распарчени. “

Седна на подот
Странецот над гробот.
Ечеше она што го молчеше,
болеше она што го плачеше,
нежно беше колку само жалеше
жената со врзани раце и отров и мед и вино на јазикот,
онаа што го убиваше со поглед и гласникот и натрапникот,
онаа што не држеше и не пушташе,
онаа што гребеше и молеше и наредуваше.
она што парче по парче срце делкаше,
а потоа пред да го изеде го бакнуваше.

“Не плачи ме,
не лежам јас под мермерот,
не е гробот мој тука, љубена,
не тагувај.
Еве сум до тебе – тука ми е душата.”

Стана и убаво ме погледна,
шепотот на името по седумдесет години
за првпат се изви низ ветерот
и ја однесе розата одамна што беше свената.
Не беше странец над гробот,
туку таа – проклетата – љубената.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!