9 факти што треба да ги знаеме за Рембрант, ументикот кој кршел правила

Рембрант Херменсон ван Рејн (15 јули 1606 или 1607 – 4 октомври 1669) е веројатно највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста. Прочитајте ги следниве 9 факти кои е убаво да ги знаеме за уметникот кој кршел правила.

1. Рембрант живеел во таканареченото „Златно време на Холандија“ или холандското сликарство и бил водечки сликар на барокната епоха.

2. Бил одличен портретист, а таа негова уметност, освен во класичните портрети одлично ја применувал и во големите историските и библиските теми.

3. Често сликал автопортрети што бил своевиден вид експеримент со оглед дека сам себе се сликал во различни фази од животот, односно следел како старее.

4. Покрај сликарството Рембрант прилично бил добар и како графичар. Бил способен во бакрописите да направи исклучително сложени детали на мал простор. Неговите бакрописи ги надминале границите на Холандија и му донесле меѓународна слава.

5. Рембрант бил мајстор на светлото и прикажување на односот светло-темно (кјароскуро). Таа игра со светло допринесувала за драматичност на сцената, а на ликовите им давала карактеристики.

6. Тој ги прекршил правилата кои дотогаш важеле за сликање историски, алегориски и библиски композоции. Неговите ликови не биле формални туку изгледале природно и спонтано. Неговите главни ликови како да се подготвувале за мисија или заедно се опуштале додека споредните фигури природно биле распоредени околу една жаровита точка.

7. Покрај финансискиот успех, до доцните 1640-ти, Рембрант го потрошил своето богатство и повеќе не можел да плаќа хипотека. Ја продал куќата, многуте предмети, сликите од својата колекција и неговата печатница. Со семејството се преселил во помал дом и никогаш не се опоравил финансиски. Умрел во сиромаштво.

8. Во неговите дела кои често биле со митолошка, библиска или историска тематика, Рембрант често ја насликувал најблиската фамилија. Ги сликал неговата прва жена Саскиа, синот Титус и неговата неформална жена Хендрикје.

9. Кога еден критичар од 19-ти век рекол дека едно дело од Огист Роден е во ист дух како и Рембрантовото, Роден одговорил: „Ме споредувате со Рембрант? Какво сквернавење! Со Рембрант, гигантот во уметноста! Би требало да клекнеме пред Рембрант и никогаш никого да не го споредуваме со него!“.

Прочитајте ги и следниве факти за Винсент ван Гог.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!