Skip to content

„Не ми текнува“, најнова песна и спот од Нокаут и Дамјан Пејчиноски како нивен специјален гостин

Нокаут пред неполни две недели ја објавија нивната најнова песна насловена „Не ми текнува“. Музиката и вокалот се од Никола Перевски, аранжманот е од Дарко Димитров, а текстот е од Игор Џамбазов. Како специјален гостин и придружба со гитара е Дамјан Пејчиноски. Останатите членови од Нокаут кои ги гледаме на спотот се: Горјан Петровски на гитара, Виктор Николовски – бас, Благоја Антовски на тапани, Борче Кузманоски на пијано и Горан Кавраков на саксофон. 

Весела, игрива и певлива мелодија која дефинитивно ќе биде вртена по македонските радија. Нокаут не знаат да утнат, па така и со ова нивно најново остварување се надеваме дека не ги разочараа нивните обожаватели. 

Погледнете го спотот и слушнете ја песната ако не сте го направиле тоа досега. Навистина „не ми текнува“ кога Нокаут извадиле лоша песна. Проверете дали сум во право, ако грешам, само ќе речам дека за музички вкусови не се дискутира.

Напишете коментар