Предлог книга за оваа седмица – Интимна преродба од Марија Белончи

Како предлог за оваа седмица, книгата Интимна преродба од големата италијанска писателка Марија Белончи, историчарка која добро ги познавала феудалните дворци и големите моќни жени кои таму владееле. Последниот од петте големи романи кои ги напишала го посветува на Изабела д’Есте, брилијантната маркиза од Мантуа.

Изабела д’Есте е вистински претставник за ренесансна жена. Родена во едно од најстарите семејства во Италија, владејачката куќа  Ферара, Изабела уште од најраните денови покажала интелигенција и зрелост далеку поголеми од нејзината возраст.

Течно зборувалa неколку јазици, ја познавала науката, била вешт музичар и композитор и имала фино око и незаситен апетит за уметност и лично чувство за стил со што ги поставила модните стандарди на нејзиното време. По нејзиниот брак на 16 години со Франческо Гонзага, маркизот  на соседна Мантуа, нивниот двор стана еден од највлијателните и најживите во Италија.

Како политички манипулатор, сепак, Изабела покажала дипломатска умешност што го надминува дури и нејзиниот сопруг и најстариот син и наследник, Федерико.

Живеејќи во територија како Мантуа, скромна по големина, но стратешки поставена, животот бил континуиран дипломатски танц. Француските кралеви, шпанските императори, среброљубивите папи и сите соседи постојано се вртеле по ова мало парче земја, било преку освојување или брак.

Иако нејзините шанси да владее биле мали – додека Франческо беше заробен од Венецијанците, а по неговата смрт, како регент на Федерико – таа секогаш била подготвена и желна за власт. Користејќи комбинација на ладнокрвен прагматизам, женски шарм и навремено, но суптилно поткупување, Изабела успеа да  држи настрана многу освојувачи, дури и во најстрашните кризи.

Белончи на овие доблести им се восхитува.  Со тоа ова дело  станува многу лично -Белончи се пронаоѓа себеси во нејзините вредности. 

Книгата е ретроспектива на нејзиниот живот, која особоно добива на значение со долгите приватни писма на англискиот свештеник Роберт де ла Пол, измислен лик од Белончи за да ја истакни уште повеќе моќта и убавината на оваа ренесансна моќница.

На моменти книгата изобилува со настани, со личности и многу историски моменти. Може да делува напорно за некој кој не ги сака многу историските биографии. Но, прочитајте ја оваа книга за да запознаете една од најмоќните жени кои некогаш живееле, Изабела д’Есте.

Прочитајте ја Предлог книга за читање „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!