Пукотна соблазност

Пукотна соблазност провре
низ ќумецон зажарен
Отаде крајот, одовде почетокот
Кој ли знае за мојата соблазност
за луцидната мисла
налик лутица свиена
виреам во вашите умови
сетне трага втиснувам па оставам
да знак прашалник ви виснува
умеам со зборот и тонот
виорам па стивнувам
никогаш нема
да средина држам
молчам та вреснувам
гледам та сонувам
ме има овде
и таму
ваму и секаде
пламенот рамен
никојпат не ми бил
знам да подгорам но и да сакам
да кажам што мислам
и заплачам
сетне обичен човек сум
та комплексно битие
биднувам
опијме
доживеј ме
застани пред мене
ил пак одмини ме
Ако пак застанеш
пробај да ме разбереш
оти самиот себе си
не умеам да се разберам
а сум пробувал
и сум сакал
и негувал да кажам
колку ли стварен е денот
до ноќта дур војувам со
масата која како
затишје пред бура тлее
јас пак одстрана гледам
се чудам на сето тоа
на она кое страно ми е
и повторно сум тука за тебе и секој
за мене пак не’
соблазна ми е туѓата среќа
радувајќи се’ на тоа
знам да довикнам и повикам
шаман запсан крај патот
од животов панаѓур биднат
но дал ќе стивне некој пат
и таков и ваков го сакам
не жалам, не тлеам
знаеш, велам кој ли знае
на што соблазен сум
но одважен не сум
ниту ќе бидам
прозбори ми
ќе ти вратам приказна
помисли ме
ќе опејам стихови
онакви како на
Дионисот завеан
такви ми душа посакува
за такви живеам и дишам
крај патот кој предизвици ми носи
за соблазноста
за сето тоа

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!