Волшебниот плод – Маја Малиновска

Вечерва е голем еврејски празник Ту Бишват, односно„Новата година на дрвјата“, кој ја симболизира врската помеѓу човекот и природата. Деца и возрасни ширум Израел утре ќе засадат нови дрвја во знак на почит кон природата. Расказот е напишан на таа тема и се надевам дека ќе ви се допадне.

Волшебниот плод

„Да засадиме дрво, кое ќе го спаси светот, ќе го спаси Израел! Смоквата носи богатство и просперитет внучко.  На овој убав празник Ту Бишват, кога ја вкусуваме сувата смоква , да засадиме дрво од ова толку вкусно овошје кое нѐ пратило со векови, од самите почетоци на постоење на израелскиот род. Тората ја спомемува смоквата повеќе пати како едно од светите овошја за Израил, била омилена и на мудриот Соломон. Сите поседувале лозница и смоква, ги засладувале и хранеле нашите предци од самите почетоци на светот. “

„Кажи ми нешто повеќе за  царот Соломон, дедо, раскажи ми за една од неговите мудрости?“  – продолжи малиот Бенџамин. Меѓу нив постоеше таа врска која ја немаше никој друг во фамилијата, приврзаност, почит и голема љубов. Онаа како што ја имаат дедо и внук.

„ Сакам да ти раскажам за големиот храм кој го изградил, тоа бил првиот храм кој Израелците го изградиле во слава на својот Бог. Го помагале ангелите, и Бог му го подарил шамир, мало зрнце чудесна материја која го сечела и најтврдиот камен. Со неа Мојсеј ги вдабил законите на камен,и Соломон ги сечел големите камења со оваа чудесна материја, кои биле толку големи што ангелите ги носеле и ги ределе и го изградиле еден од најголемите храмови што некогаш постоеле. “

„Дедо, дали може да одиме да го посетиме храмот ?“

„Не, храмот за жал е разрушен од големиот нео-вавилонски владетел Навуходонозор II кој го разрушил Ерусалим и храмот. “

„Но, ќе го направиме повторно, нели дедо?“

„Ќе го направиме, само јас да бидам жив да го видам тоа со свои очи. Ајде, ние да си ја завршиме работава за денес, да го засадиме ова дрво, овој наш мал храм.“

„Да, ја засадивме смоквата дедо, ќе јадеме вкусни смокви за празниците кои доаѓаат!“

„Секое ново дрво, е нов живот…со тоа го славиме и доаѓањето на Новата Година за која се надеваме дека ќе биде подобра..оваа што мина донесе многу студ и мраз и слушаме некои лоши вести кои за жал доаѓаат од север….“

„Дедо, те молам ајде раскажи ми уште една приказна пред да јадеме. Знам дека нѐ чекаат сите, но толку мнногу  ги сакам твоите приказни. “

„Бенџамин, знаеш ли  што било нешто што прво направиле нашите предци? “

„Не, те молам раскажи ми“ – го молеше Бенџамин и знаеше дека дедо му никогаш нема да го одбие. “

„Кога Севишниот ги создал нашите предци, Адам и Ева, ги населил во Еденската Градина, каде можеле да уживаат во плодовите во сита дрвја во градината, освен од едно, дрвото на спознавањето на доброто и злото, зошто ако пробале од неговиот плод, ги чекала страшната смрт. Но, змијата најлукава од сите полски животни, ја натерала жената да касне од плодот. Тогаш, почнале да разликуваат добро од зло, зло од добро. Сфатиле дека се голи и се срамуваа, па направиле прекриква од смоквини лисја за да се сокријат. “

„Направиле прекривка од смоквини лисја?“

„Да, токму тоа. Првото нешто што било направено од човекот е направено од лисјата на овој волшебен плод. Ете гледаш колку многу смоквата е важна за човекот. Таа е првиот плод кој бил корисен за него и останува да му биде и ден денес. “

„Да и многу е вкусна. “

„ Секако и добра за твоето здравје Бенџамин, треба да ја јадеш почесто.“

„Дедо, ти благодарам за убавите приказни кои ми ги раскажа .“

„ Бенџамин, тие се дел од нашето наследство кое треба да се чува и негува. Тие се дел од нашата култура. Се надевам дека и ти еден ден ќе ги раскажуваш на својот внук. “

„Дедо , да засадиме колку може повеќе дрвја, за нашата планета да заличи на Еденската градина и да уживема во вкусовите на нивните плодови. “

„И да се надеваме дека ќе добиеме убави вести од север, внучко, да се помолиме на Севишниот да ни донесе мир и среќа во годината која доаѓа. “

„И здравје, дедо тоа е најважно од сé!“

„Затоа да јадеме повеќе смокви, да раскажуваме убави приказни и да се веселиме на убавите празници кои ги славиме!“

„Посебно ќе се сеќавам на овој, кога научив многу за смоквата и ќе ја јадам почесто!“ – гласно извикна Бенџамин.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели