Легендата за Нијан и за прославата на кинеската Нова Година

Пролетниот фестивал се нарекува и гуонски. Што е Ниан или Нианшоу 年兽? Тоа е имагинарно животно кое носи лоша среќа. Кога ќе пристигне, дрвјата овенуваат и тревата веќе не расте. Штом ќе исчезне, се буди се што живее и почнува да цвета. Како да го тераат ова  животно да замине во Кина и пречекуваат Нова Година?  Го бркаат со петарди.

Легендата за Ниан

Според една кинеска легенда, во антички времиња имало чудно и многу страшно животно со рогови на главата, кое  се викало Ниан. Животното живеело на дното на морето и доаѓала на брегот на Новогодишната ноќ за да проголта добиток и луѓе. Затоа, селаните секоја година ги носеле  старците и децата во напуштените планини за да ја избегнат лутината на животното.

Една Новогодишна ноќ, во селото Таохуа пристигнува постар просјак, со бастун во раката, торба на рамо, со бела брада и светли очи. Една стара госпоѓа од источнот дел на селото го наговорува да побегне од Нијан во планините. Стариот господин се насмеал, и со раката под брадата и рекол: „Ако госпоѓата ми дозволи да останам една ноќ во нејзиниот дом, ќе го уловам животното“.

На полноќ Нијан влегува во селото. Сфаќајќи дека во семејството на старицата на исток од селото, на вратата се залепени црвени хартии и дека куќата е добро осветлена, животното ја напаѓа куќата испуштајќи силен оган. Блиску до вратата, наеднаш со огласуваат звуци пиф! бум! во дворот.  Животното побегнало колку може побрзо, толку многу се исплашило. Навистина, Нијан се исплашило од црвената боја, оганот и петардите. Следниот ден, 1 јануари, сите бегалци се вратиле во селото.

Гледајќи дека ништо не е уништено, тие отишле брзо кај  семејството на старицата и виделе залепена црвена хартија на вратата, бамбусови прачки што сè уште испуштаат јаки звуци –  бум! бум! во дворот (петарди) и неколку свеќи кои уште горат во куќата..

Пресреќни, селаните се облекуваат свечено и стаават свечени капи за да го прослават доаѓањето на Новата година  и одат да им честитаат на своите роднини и пријатели.

За овој настан брзо се дознало  во соседните села.

Ова е легендата која денес е позната во Кина. Денес, на  Новогодишната ноќ, секое семејство лепи црвена хартија на вратата, пали петарди, горат свеќи цела ноќ и останува будно до изгрејсонце. Во раните утрински часови на 1 јануари, семејствата си ја честитаат Новата година.

Ова е најголемиот традиционален фестивал на кинескиот народ.

Прочитајте и за Како пајачињата го украсиле Божиќ – Германска легенда

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели