Љубов – Лина Димоска

Љубовта ќе те пеплоса.
Зрно прашинка ќе те стори.
Ситно.
Невидливо.
Ветрот којзнае каде ќе те однесе.
Ќе се изгубиш.
Ќе заглавиш во некои луњи страшни.
Во темнини.
За долго сонце да не те огрее.
За светлина да не видиш.
Ама љубовта и ќе те насмее.
Ќе расцутиш од неа.
На пролет во срцето ќе ти замириса.
Од душата бавча ќе ти направи.
Ќе жнееш секакви плодови.
Убави.
Грди.
Скапани.
Само со љубениот заедно ќе мора да ги обработите.
Со трпение.
Со жртви.
Со компромиси.
И со многу љубов.
Оти за љубов треба многу.
Многу жртви.
Многу трпение.
Бесконечно разбирање.
Грешки признавање.
Корегирање.
И ако тоа не е обострано, џабе.
Ако не е обострано прашинка ќе се сториш
за пак крај друг да расцутиш.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели