Skip to content

Рецитал на песната „Заради љубов“ од Света Мала Тереза

Уживајте во рециталот на песната „Заради љубов“ напишата од големата француска светица Света Мала Тереза која себеси се нарекувала мала. Канадската пеачка Наташа Сен Пјер издаде албум во 2018 год, во Франција на кој ги пее и преработува нејзините песни. Нејзината песна ме инспирираше да ја изрецитирам оваа прекрасна песна која е вистинска духовност.

Заради љубов

Иако без светлина страдам
Во овој живот кој само еден ден трае
Бар на Земјава имам
Љубов од небесата  која ме сјае.
На патот што морам да го одам
Со разни опасности мора да се борам
Но љубовта ми дава сила и светлина
Во животот црн полн со темнина.
Со љубоовта ќе знам
Со љубовта ќе можам
Да поминам низ темнината без да трепнам.
Заради љубовта сé ќе дадам
Заради љубов сé ќе прифатам
Со сигурност низ темнината ќе прелетам.
Љубам цел живот
И знам дека љубев и во добро и во зло
И сега знам, во сé  има љубов
И ќе најде вистина во мојава душа
Овој оган кој гори во мојава душа.
Овој оган кој гори во мојава душа
Може да го ослободи моето срце
Прелиено со Божја страст
Ќе гори распламтено во оган без никаква напаст.

Слушнете го и рециталот „За тебе љубов моја“ од Жак Превер.

Напишете коментар