Слушај поезија: „Пророштво“ – Радован Павловски

На каналот Слушај поезија (и други приказни), може да се чуе „Пророштво“ од македонскиот современ поет Радован Павловски кој замина во бесконечноста. Во продолжение текстот и видеото кај што може да се чуе читањето.

Пророштво

Времето на големи испарувања ќе мине
Зборот самиот себе ќе се одболедува
Радоста на пешачењето ќе се возобнови
Повраток во коренот врвот ќе најави
Силни дождови ќе наидат
и плодноста што боли
Во слободен воздух
штрек на векови носам
Ќе останат моите песни
единствени преживеани свидетели.

Слушнете го и рециталот „Заради љубов“ од Света Мала Тереза.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели