Историја на фудбалот: Како настанал?

Историјата на фудбалот започнала многу одамна. Во продолжение дознаваме како воопшто започнал да се игра овој спорт што важи за најважната споредна работа во светот. Прапочетоците на фудбалот, како денес убедливо најпопуларен спорт на денешницава датираат од околу 500-600 години пред новата ера. Првите документирани докази и пишани документи за кои постојат и научни докази за игра со топка слична на денешниот фудбал потекнуваат од Кина 200-300 години пред нашата ера. Во тоа време во Кина постоела игра со топка наречена Цу чу (Tshu shu) која била многу слична со денешниот фудбал и во која игра учесниците се обидувале да протнат топка направена од животинска кожа низ дупка од мрежа распната помеѓу два Бамбусови стапови високи 10 метри. Цу чу била многу популарна за времето на Династијата Хан и била дел од строгата војничка обука на редовната Кинеска војска.

Уште еден облик на игра со топка, предходник на современиот фудбал потекнува од далечниот исток, а тоа е играта Kamari која се појавила во Јапонија околу 500 г. подоцна отколку во Кина. Тоа била кружен тип на игра, но помалку спектакуларен отколку Цу чу. Kamari повеќе бил чесна церемонијална активност каде не се барало поголеми способности и немало натпреварувачки карактер. За време траењето на играта учесниците немале никаков физички контакт, и не постоел ни најмал знак за меѓусебна борба за топката. Играчите на многу мал простор имале за цел да си ја додаваат топката која не смеело да падне на земја.

Појавата на гумена топка и играта со неа

Во Мексико и Централна Америка се појавува гумена топка во периодот помеѓу 600 и 1600 година од нашата ера. Играта која ја играле жителите на тие простори се одржувала на издолжен терен долг 12-15 метри во форма на правоаголник кој имал исправен ѕид на средината на кој се наоѓала дупка. Целта на играта била тешката гумена топка да се протне низ дупката.

Грубата игра со топка во која се кршеле коски

Во Северна Америка во 16 век Американските Индијанци играле игра со топка која ја нарекувале ”Psuschuakohowor” што во буквален превод значело, “Да се собереме и да ја удираме топката со нога”. Плажите широки скоро еден км оддалечени со голови од 2 к, биле игралиште за дури 1000 играчи истовремено. Играта била премногу груба, па се случувало да бидат искршени многу коски за време траењето на играта, во која учесниците биле украсени со разни накити и исшарани со разни воени бои и не се препознавале визуелно помеѓу себе.

Играта со топка што ја играле Старите Грци и Римјани

Старите Грци и Старите Римјани исто така играле игри со топка и во некои од тие игри се употребувале нозе. Римскиот писател Кикерон опишал еден случај на човек кој бил убиен додека го бричеле кога топка удрила во берберницата. Се смета дека римската игра “Harpastu’ била создадена врз основа на тимската игра позната како “επισκυρος” (episkyros) спомената од Антифанес (388-311 г. пр. н.е.) и подоцна од Климент Александриски. Се мисли дека оваа игра била слична на денешното рагби. Сите овие предходни видови на игра со топка имале некое влијание на фудбалската игра Но развојот на фудбалската игра каква што денес ја знаеме се случувал во Англија и Шкотска.

Почетоците на фудбалот сличен како што го знаеме сега

Играта која се играла на Островот има корени од 8 век од нашата ера и имала голем број на локални и регионални облици кои со тек на време се усовршувал до денешниот поим за фудбал, ваков како што го знаеме. Тие почетоци на фудбалот во Британија се разликувале од сите до тогаш познати видови на колективна игри кои постоеле дотогаш. Биле многу малку организирани, повеќе насилни и спонтани и обично во нив учевствувале неограничен број на играчи.

Повремено игрите биле натпреварување помеѓу села и населби и се играле на селските улици, пазари или на полињата. Се случувало понекогаш околу 1000 играчи во занес по топката да уништат цели села и населби. За време на играта која била претерано груба било дозволено секаков вид на удирање како и сè останато. Фудбалот кој тогаш се играл бил масовен фудбал во кој бројот на играчи не бил ограничен. Не постоеле никакви правила.

Било сè дозволено освен убивање

Според еден запис од Ворктинктон Англија, за да се исполни целта постигнување на погодок било дозволено сè освен убиство. Голем број на закони и забрани во текот на фудбалската историја не придонеле за намалување на неговата популарност. Понекогаш забраните и законите биле построги, некогаш поблаги. Но ентузијазмот кај неговите љубители со секој поминат меч растел сè повеќе и повеќе.Сепак кај власта во Англија и Шкотска многу ретко за време на неговите почетоци наидувал на одобрение.

Фудбалот би забранет за играње еден век

Лорд Мејор од Лондон во 1314 г.  издал прокламација во која го забранил играњето на фудбалот. Причините биле во тоа што за време на фудбалските мечеви поради големиот број на играчи доаѓало до големи нереди во кои учествувале и до неколку стотини луѓе, а просторот каде се играло бил потоа целиот неупотреблив за било што. Речиси секогаш се случувало да настрада некое помало селце или населба, а после завршувањето на мечот имало голем број на повредени, а се случувало и да има човечки жртви.

За времетраењето на стогодишната војна од 1338 до 1453 г. помеѓу Англија и Франција фудбалот бил забранет за играње. Англиските кралеви Едвард III, Ричард II, Хенри IV и Хенри V го забранувале фудбалот поради тоа што омилената игра ги одвраќала војниците од вежбањето на корисни војнички вештини, како стрелање кое имало голема важност во Британската војска во тоа време. Сите Шкотски кралеви во XV век исто така го забранувале играњето фудбал. Во декретот кој го донесол Џејмс I во 1424 година се вели дека ”Ниеден човек нема да игра фудбал“.

Како се создале правилата во Фудбалот?

Иако забрануван како најпопуларна игра, ниедна од мерките за спречување на играњето фудбал не дала резултат. Популарноста на играта секојдневно растела и луѓето премногу ја сакале грубата игра со топка за некој да може да им ја забрани. За време на ренесансата во Италија, поточно во Фиренца и Венеција се играл вид на фудбал наречен “calcio”. За разлика од фудбалот што се играл во Англија и Шкотска, Калчото во Италија бил далеку поорганизирана игра со топка, и играчите биле облечени во дресови со различни бои на екипите и се играло на сите големи свечености и празници во Фиренца.

Во Англија играта сè уште била многу груба и немало никаков напредок во развојот за време од 500 години. Ништо се немало сменето сè до почетокот на 19 век, кога се почнало да се игра фудбал во познатите јавни училишта во Англија. Фудбалот на почеток се играл како зимска игра помеѓу домовите во јавните училишта Winchester, Charterhouse и Ethon, а многу ретко помеѓу нив поради тоа што секое училиште си имало воведено свои правила. Некои си имале правила каде било дозволено контакт на топката со раце, а некои училишта не. Матурантите од јавните училишта кога ќе појделе на универзитет, таму не смееле да играат фудбал освен со своите стари школски другари.

Black and Golden Soccer Ball on dark Background

Прв обид за воспоставување правила

Прв обид да се направат стандардни правила и да се отклонат големите разлики во фудбалот е направен на Универзитетот Кембриџ во 1843 и 1846 г. Голем број на јавни училишта ги прифатиле тие правила и се познати потоа ка Кембриџски Правила во фудбалот. Потоа во 1862 и 1863 г. се одржани серија состаноци на училишни и вонучилишни клубови од Лондонското подрачје и соседните окрузи, кои се сложиле дека ќе објават правила и така ќе го одвојат Рагбито од новонастанатиот Фудбалски Сојуз (FA).

Многу клубови не ги прифатиле новонастанатите фудбалски правила и продолжиле по свои, посебно ова било изразено во Шефилд и неговата околина. Во 1867 година е формиран фудбалскиот сојуз на Шефилд, како предходница на подоцна окружните сојузи кои постојат во Англија. Шефилд и Лондон играле два меча помеѓу себе во 1866 година и тогаш за прв пат времето за игра е ограничено на час и половина.

Прво официјално фудбалско натпреваување во светот

Во 1871 година ФА ги поканува сите 15 клубови на сојузот да учествуваат во натпреварувањето за трофејот на ФА. Тоа станало прво официјално фудбаласко натпреварување во светот. Со ФА купот почнува модерната историја на најважната споредна работа во светот  – фудбалот.

Првиот меѓународен натпревар бил одигран меѓу Англија и Шкотска во 1872 год. Во 1902 год. во Виена бил одигран прв таков натпревар надвор од Велика Британија, а играле Австија и Унгарија. Прв натпревар со натпреварувачки карактер, или Светско првенство, било одржано во 1930 г. во Уругвај. Домашниот тим ја победил Аргентина во финалето со 4:2. На ова светско првенство учествувале 13 нации.

90% од текстот е преземен од Извор

Прочитајте ги и следниве кратки занимливости и факти за историјата на фудбалот.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели