Миле Ѓорѓијоски – Палави афоризмичиња за најмалите дечиња

Афористичарот Миле Ѓорѓијоски повторно сподели со нас серија афоризмичиња наменетии за најмалите дечиња. Додека ги читаме насмевката автоматски се црта на лицето сама од себе.

Најмногу другари имаат оние деца на кои книгата им е најдобар другар!

Што ми вреди што и јас како Сократ знам дека ништо не знам, кога мама и тато сакаат да учам за лекар!

Сезаме отвори се! Време е тато да се врати од родителски!

Откако заврши факултет бато веднаш си најде работа! Ми ги пишува домашните.

Мојот мачор не сака ГМО храна. Бега од компјутерското глувче.

Родителските средби треба да се држат на Први април! За да мислат родителите дека сè било априлилили!

Најубаво е кога имаме празен час! Ама сè што е убаво кратко трае!

Секогаш кога знам дека ништо не знам, не филозофирам како Сократ, туку веднаш бегам од часови.

Писмените работи не ми одат од рака. Учителката постојано ме фаќа кога препишувам од Маре.

Насилството врз децата може лесно да се искорени. Треба наставниците да престанат да пишуваат слаби оценки

Од сите годишни времиња бато најмногу го сака – летниот распуст.

Најубаво си поминувам кога дедо оди на родителски состанок. Треба само да му го скријам апаратчето за слушање.

Сите родители имаат добри деца. Ама сите деца, немаат добри родители.

Не знам зошто мама и тато се лутат што ми ги пишуваат домашните. Тие ме запишаа на училиште.

Повеќе ги сакам родендените на бато отколку моите. Тогаш нему му ги тегнат ушите, а јас дувам во свеќички и јадам торти.

На вујче и вујна не им треба матичен лекат, туку матичен ветеринар. Таа по него вика „маче мое“, а тој по неа „пиле мое“.

Сон на секој лош ученик: успешно да ја преспие учебната година.

Откако бато тргна на училиште на дедо книгата му е најдобар другар.

Тато ќе мора пак да оди во Кина. Денес, кога мама се налути, ги скрши сите кинески вазни дома.

Не е точно дека Ана сè знае! Не знае дека бато е заљубен во неа.

Прочитајте ги и следниве афоризми за возрасни од афористичарот Илија Илиев Струмјан.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели