Љупчо Силјановски е роден е на 29 јули 1949 година во село Глоѓи , тетовско. Завршил Педагошка академија во Скопје. Работел како новинар-уредник во списанието „Остен“ и во телевизиската куќа „Телма“. Член е на ДПМ од 1978 година. Добитник е на наградите: „Младост“, „Студентски збор“, „Златно перо“ и „Златна корија“ (за докуметарен филм).
Високо Скопје
Над сите градски станици
Над сите вити солитери
И преку сите мери
Над реки, над долови
Над понори и бездни
Над школски дворови
До самоти ѕвезди
Таму кај досегнува
На сирените писокот
А денот да спие легнува
ИМА ЕДНО СКОПЈЕ ВИСОКО!
На децата град е главен
Правен во нивна кројка
Гулабарник – плоштад славен
Крилат – автобус „двојка“
Од Ѓорче до Маџари лета
Според маршута стара
Вози 2 – 3 милиони цвета
„Цвеќа, напред“ возачот бара
На секоја станица,
се знае: ПОВЕЛЕТЕ, МОЛАМ!
И над Скопје врне цвеќе
покрива улици, куќи, коли…
Од мирисот негов веќе
И носот почнува да боли
Му даваме жителство
секому во градоц цветен
Штом ќе покаже свидителство
Дека умее да сонува ко дете!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.