Сништа за петка – Ирена Белешковска

Со куфери полни сништа големи
и џебови стуткани, до раб празни,
мечта ме носи како во сказни,
а голтам јас и солзи солени.

Купувам билет за следниот лет,
итам кон просторот со исцртан круг.
Ноќе често во сонот сум на југ,
но полна торба носам тука, во новиот свет.

И еве ме сам, израснат во силен лик,
креирам со мака совршена глетка
со реални сништа за чиста петка,
во ден подолг од година, роден со крик.

Тука сум голем, воља на лик со сила
што долета тивко и мудро, без глас.
Од малиот град доаѓам јас,
а сонувам големо, освојувач сум со душа мила.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели