Ти – Ива Марија Зероска

„Пораснав меѓу книгите, другарувајќи со невидливите пријатели на страниците, кои се претвораа во прав и чијшто мирис се уште го чувам на рацете.” – Карлос Руис Зафон.

А денес пишувам за тебе, оној до кого не можам да допрам, но го оживувам во моите дела. Па можеби и затоа моите дела се толку совршени, сè што е полно со љубов треба да е совршено. Би сакала еден ден да можеш да ги прочиташ сите тие дела, а да не пуштиш ни една солза, би сакала да се пронајдеш во секој збор, секоја реченица, секоја запирка и точка, можеби така би сфатил сè. Бидејќи делото е за да го импресионира читателот, а писателот е тука да ги остави сите свои емоции, бидејќи нема на кого да му ги даде.

Делото е тука за да сфатиш што се си ти или некој на некого, за да сфатиш што се си изгубил, а можеби и да ти даде надеж и храброст да вратиш. Сите тие емоции кој некој ги чувствува се тука за да ги почувствуваш и ти за да бидеш дел од нечија приказна или да се пронајдеш себеси во истата. Можеби и делата се само излез од реалноста, тука имаш храброст и ја покажуваш својата совршеност за да се допаднеш некому, но и да споделиш сè она што не можеш да кажеш.

Можеби сакам да ја искажам љубовта низ овие реченици само за да можеш да ја почувствуваш. Како што вели Џон Касаветис: “Предмет на моето интересирање е љубовта, недостигот од љубов, умирањето на љубовта, болката што ја предизвикува загубата на тоа што ни е најнеопходно.”. Ако не е загубата не би имало тага, ни толку многу книги.

Ива Марија Зероска

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели