Нашинска – А. Лефкоска

Сите патеки се разнеле
во ширината на животот,
и ние сме далеку,
не ни се сеќаваме на прекорот,
ниту па, на тагата младалачка,
ниту па, на љубовта предавничка.

Тргнати со чекори под небесата светла,
спакувавме куфери полни спомени и едно парче земја –
тоа на кое пораснавме,
не од тага, не од жал – туку, само да се сеќаваме,
од кај сме дошле – што сме станале,
што пат сме преоделе и зошто баш тука сме застанале.

Сите патеки се разнеле – пријателе,
а, ко вчера да имавме по дваесет и две,
ко вчера да плачевме за нешто повеќе,
ко вчера да нѐ бодеше срце скаменето,
време поминало сега и сѐ е променето…

Еј, што луѓе бевме – што луѓе станавме,
eдно време нѐ викаа „Не дај боже!“,
ама и тоа замина – се искина, пријателе,
дал’ зборови вратиле – нема да знаеме.
И нејќам да знам право да ти кажам,
доста ми се еве чардациве –
фамилијава што е пофамилија од фамилијата,
онаа кревка душа што ја подгрева мојава –
и ти со мене овде – што некогаш беше ова небиднина,
а со нас раз’рте во дом ко гравче во влажна саксија.

Еј, сите патеки се разнеле,
сите мостови се срушиле,
се изгуби и клетвата и тагата,
остана само песната нашинска.
Еј, што луѓе беа – што луѓе станавме,
какви сме – такви сме и покрај нив,
доследни на нашето останавме.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели