Слушај поезија и други приказни – каналот е збогатен со најновото видео со стихови насловени „Сребрени ноќни игри“ од истоимената стихозбрика од Даница Ручигај. Пуштете и слушнете на видеото, а каналот може да го поддржите бесплатно со кликнување на subscribe (претплати) веднаш под видеото.
Сребрени ноќни игри
Чуј ја играва
Што запре само во еден здив
И продолжи да тече како река
Чуј ја играва на прсти
На коски на овој очај
Што се вгнездил во грлото
Како грутка.
Чуј ја играва сребрена
На две грла
На две израмнети Утроби.
О, слатко заклопи ги
Желбиве надвиснати
Што се втурени од огнови
Колку печат човеку.
Играва на сребрена ноќ,
Играва на сребрени тела,
Играва на сребрени огнови
О, човеку продолжи ја.
Па пушти го моево грло
Нека се чуе пискот
Еден единствен
Што ќе те разгрне
Да ми се отвориш
Па да влезам човеку
Еднаш помирена со портите
Па да влезам како пријател
Пријатно слушање!
Слушнете како звучи и „Безимен“ од Даница Ручигај.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.