Skip to content

Последниот наш поздрав! – Ана Ѓоршоска

  • by

Истиот пат,
Други луѓе,
Други емоции,
Други исчекувања,
Други погледи,
Друга љубов,
Друга тага.
Последен поздрав кон возот со куферите во раце.
Последна разделба со нашите срца.
Прегратките ни се одвојуваа во далечината.
Мавтајќи ми од седиштето чувствував болка во градите.
Ме стегаше од рани.
А ти облечена во црн долг фустан со шешир на главата отмено,
мавтајќи ми со раката за последен пат,
ми влеваше надеж дека можеби ќе се вратиш
во своето гнездо повторно.
Но насмевката со солзи ти беше најмила.
Оној товар беше наш.
Заеднички го творевме со љубов а за на крај да добиеме болка
која не се лечеше со зборови освен со делата
кои беа исткајани како вел врз нашите очи.
Не беше ти вистинска внатре во душата, беше туѓ заборав.
А заборавајќи на себе се забораваш и на туѓите рамења
што се биле потпрени на скршеното его.
Мавтајќи ми за последен пат,
тргнав во бездната наречена болка не мислејќи дека тој воз
никогаш нема да се врати со тебе.
А тоа болеше повеќе од лузната истетовирана во моето срце.
Тоа беше едно наше ветување
кое постана вечен заборав за двајцата.

Напишете коментар