Skip to content

Тргнавме – Сузана Божиновска

  • by

Тргнавме…
Онака…неспремни.
Најважно тргнавме.
Патот мрачен.
Долг.
Целта непозната.
Сепак ние чекориме.
Велат непознатото
е најубаво..
Велат во секоја темница
се наоѓа зрак светлина…
Велат ако не се обидеш
нема да знаеш…
Како ќе знаеш
дали е солено…ако не вкусиш..
Како ќе знаеш
дека било жешко ако не се изгориш…
Нема врска…
Бројот на поминати чекори расте…
Расте и желбата…
за нешто ново,
нешто различно,
нешто што сосема те менува.
Те вади од сопственото ЈАС
и те става во некоја нова кожа…поинаква…
Да почуствуваш…
како е да се биде
некој кој од претходна перспектива бил лош…
Не тој не бил лош…
Тој бил сето тоа
што ти си сакал а не си успеал…
Немоќта, љубомората
секогаш се на граница
со твојот неостварен сон
со твоите стравови…
Срцето забрзано чука
Патот зад мене остана во недоглед…
Во недоглед е и тој пред мене..
Во ред е…
Ќе продолжам да чекорам..
Рака под рака..
со сето она што некогаш
со моите стравови и предрасуди го игнорирав…
Чекорам…
Многу поразлично…
Многу посигурно…
Чекорам…
Можеби на крајот на тунелот
навистина има светлина..
Можеби нема…
Но со тапкање во место
никогаш нигде не се стигнува..
Ама ајде… мисли мои чекорете…
Желби мои бидете им подршка на моите мисли…
Ајде рака под рака…
да продолжиме да чекориме…

Напишете коментар