Седум свеќи го просвелтуват твојот простор со отворени ангелски крилја
Налик на човек , налик на Бог
Серуфим удвоен во четири крилја
Песочен наем со жртвеник – олтар кој гревови крие од покајни очи
Божја промисла , дом на свет дух од каде сé дише
Пурпур, Лиља и Синевина, непроѕирен лен, невиден, но чуен Бог
Со глас кој ечи во бескрајните тишини
Грмушест пламен со четири очи
Проникнувач на закони и вечни вистини
Те носиме секаде табернакуле
За да те најдеме во храмот на Соломон.
Твоето вечно почивалиште
Одвеано со римски виор
По песочни души и нилски палати
Скриено во нашите срца
Нашите Божји вечни светлишта.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.