Skip to content

Езоп за деца: „Двајцата пријатели и Мечката” – Поучна басна

Напомена: Не е докажано дека методот што е прикажан во приказната функционира при напад на мечка

Двајца пријатели одеа заедно низ шумата, кога одеднаш, огромна Мечка искокна од грмушката близу нив. Еден од мажите, за да се спаси се качи на најблиското дрво, а оној што остана сам, се сети да легне и да се прави мртов, бидејќи беше чул дека Мечка не допира мртов човек.
И сигурно беше вистина, затоа што Мечката застана му продушка околу главата и по неколку минути си замина.
Тогаш оној што се беше качил на дрвото слезе.
„Изгледаше како Мечката да ти шепна нешто,“ рече тој. „Што ти кажа?“
„Ми рече“, му одговори пријателот, „дека не е паметно да се дружам со човек што би го оставил пријателот сам во неволја, затоа што неволјата и несреќата, всушност, се вистинските тестови за едно пријателство.“

Прочитајте и „Езоп за деца: „Ѕвонче за Мачката“ – Поучна приказна“.

Напишете коментар