Skip to content

Ова е мојата молитва кон тебе – Рабиндранат Тагоре

Ова е мојата молитвта кон тебе, Господе мој – удирај, удирај во коренот на јадот во моето срце.
Дај ми сила лесно да ги поднесувам своите радости и таги.
Дај ми сила да ја направам својата љубов плодотворна во потчинетоста.
Дај ми сила никогаш да не го одбивам сиромашниот и да не ги виткам колената пред надмената сила.
Дај ми сила да го воздигнам својот дух високо на ништожноста на секојдневието.
И дај ми сила со љубов да ја потчинам својата сила на твојата волја.

Напишете коментар