Skip to content

Песна на денот: „Доаѓа есен“ од Тихомир Јанчовски

Денес ги споделуваме стиховите од поемата „Доаѓа есен“ на македонскиот поет, колумнист и преведувач, Тихомир Јанчовски. Малечка и мошне меланхолична песна која совршено го отсликува почетокот на есента и емоциите кои таа со себе ги носи. Како поетот го доживува овој почеток и како го опишува, прочитајте во трите прекрасно скоцкани строфи подолу.

Немам кому да пишувам
истрошен сум и болен
сѐ ми е инфицирано
а најмногу душата
која научно гледано
и не постои.

На современ јазик
тоа се вика
пад на имунитетот.
Тогаш, сѐ е бавно
и времето не поминува.

Доаѓа есен.
Тагата добива тело.

Напишете коментар