Skip to content

(Не)повторливи моменти – Наталија Наумовска

Ни се слизнува низ прсти секој изминат миг
се бркаме со секундите направени од песок
ни бегаат стрелките небаре се недофатливи,
а целосно недофатлив е неповторливиот момент.

Ни се слизнува низ прсти секој (не)повторлив момент
тој чека да биде одживеан, преживеан,
тој копнее за да биде доживеан,
тој тагува кога е распнат и засекогаш расечен,
тој ликува кога повторно ќе биде создаден,
а (не)повторливите моменти заеднички
го создаваат неповторливиот, единствен наш живот.

Напишете коментар