Skip to content

Менаџерот на хотелот – Поучна приказна

Една врнежлива ноќ пред многу години, еден постар маж и неговата сопруга влегоа во фоајето на еден мал хотел во Филаделфија, САД. Двојката се приближи до рецепцијата со надеж дека ќе добие некое засолниште за ноќта.
„Можете ли да ни дадете соба овде? – праша сопругот. Менаџерот, пријателски настроен човек со прекрасна насмевка, ја погледна двојката и објасни дека во градот има три конгреси. „Сите наши соби се зафатени.“ Рече тој.
„Но, не можам да оставам фин пар како вас на ова невреме надвор. Дали можеби би сакале да спиете во мојата соба? Не е баш апартман, ама ќе ви послужи за удобна ноќ.“ Кога парот одби, младиот човек продолжи. „Не грижете се за мене, ќе се снајдам јас.“

Следното утро, додека ја плаќаше сметката, човекот му рече на менаџерот „Ти си таков менаџер кој треба да биде шеф на најдобриот хотел. Можеби еден ден ќе изградам еден таков хотел за тебе.“ Менаџерот ги погледна двајцата и се насмеа.Кога заминуваа и додека возеа, парот се согласи дека менаџерот навистина беше исклучителен човек и дека не беше лесно да се најдат такви луѓе кои се и пријателски настроени и корисни.

Од тогаш поминаа две години. Менаџерот кој веќе ја беше заборавил случката кога доби писмо од старецот во кое тој го потсетуваше на ноќта кога им беше пружил засолниште. Со писмото имаше и повратна карта до Њујорк и покана за посета. Младиот човек прифати и тргна за Њујорк. Откако беше пречекан, беше и одведен до аголот на Петтата авенија и 34 – та улица. Постариот човек тогаш покажа кон една огромна бледо цвреникава градба со огромни кули кои допираа скоро до небото.
Тоа“, рече старецот, „е хотелот што штотуку го изградив за да го управуваш.“
„Мора да се шегуваш“, му одговори младиот човек.
„Те уверувам дека не се шегувам.“, рече тој со итра насмевка која му подигруваше на усните.
Стариот човек, всушност, се викаше Вилијам Валдорф-Астор, а таа прекрасна градба беше оригиналниот хотел Валдорф-Асторија, а младиот службеник кој стана нејзин прв менаџер беше Џорџ Ц. Болд кој не ни можеше да го замисли синџирот на настани што ќе го наведат да стане главен човек на еден од најгламурозните и најпознатите хотели во светот.

Прочитајте и „Мамурлак – Зен приказна“.

Напишете коментар