Skip to content

Песна на денот: „Крај на летото“ од Влада Урошевиќ

Денес, во чест на крајот на летото и почетокот на есента, ги споделуваме стиховите од поемата „Крај на летото“ на македонскиот поет, Влада Урошевиќ. Песната е кратка, но полна со топлина и тивка среќа која посебно е присутна во летните месеци. Иако летото е поминато, сепак Урошевиќ, преку оваа поема, наоѓа начин како да зачува еден дел од него за себе, па и за нас останатите. Како тоа го прави, прочитајте подолу.

Затвори го ова лето во кутија од слама
во кула од песок во преграб од ветар
во чашка од мак
Затвори го лесно
затвори го така за да може пак
да се јави некогаш кога си сам некогаш зиме
да се јави како мирис како заборавено име
како лековит знак

(„Лавиринт“, Темплум: Скопје, 2019)

Напишете коментар