Skip to content

Глума или лудост? – Наталија Наумовска

Животот ни стана секојдневна глума,
глумејќи лажни насмевки и среќни погледи
душата ни плаче како мало бебе штотуку родено,
срцата ни се кинат на парчиња
како искршена порцеланска чаша.

Денот ни е сведен на нормалност и лудило
во кој се испреплетуваат двете,
па не се знае повеќе што е глума,
што нормално, а што лудо
или глумење нормалност
или глумење лудило во (не)нормална земја.

Напишете коментар