Skip to content

Судбината и паричката – Јапонска поучна приказна

Беше значајна битка.  Јапонскиот генерал реши да нападне и покрај тоа што неговата војска беше значително помала. Иако тој беше уверен дека ќе победат, неговата  војска, сепак беше исполнета со сомнеж, но и покрај тоа, тргна по него. На пат кон битката, војската застана крај еден верски храм. Откако се помоли со војниците, генералот извади паричка и рече:
„Сега ќе ја фрлам оваа паричка. Ако падне лицето, ќе победиме. Ако падне опашот, ќе изгубиме. Судбината сега сама ќе се покаже.“
Ја фрли паричката во воздух и сите внимателно гледаа како слетува, а кога падна лицето војниците беа толку среќни и исполнети со самодоверба што енергично го нападнаа непријателот и победија. По битката, еден поручник отиде до генералот.
„Никој не може да ја промени судбината.“ – рече тој
„Сосема точно.“ – му  одговори генералот и му ја покажа паричката, која имаше лице на двете нејзини страни.

Прочитајте и „Менаџерот на хотелот – Поучна приказна“.

Напишете коментар