Часовник – Теофил Готје

Теофил Готје (Тарб, 30 август 1811 – Неји-сир-Сен, 23 октомври 1872) e француски поет, романописец и ликовен и литературен критичар. Починал на денешен ден, оставајќи слика на сведок на книжевниот и уметнички живот на своето време, чии уметнички концепти биле ценети и чие разновидно дело сè уште е признато. Во негова чест ја споделуваме песната „Часовник“ која ја напишал под импресии од неговото патување во Шпанија и е дел од негобата збирка Еспања (Espagna).

Часовник

Vulnerant omnes, ultima necat

Кочијата застана кај црквата на Уруњ
Име со лоша рима, рапаво како жбуњ
Но, кое сепак е мало шармантно село,
На ридско тло качено чудно цело.
Тaa е едно здание скромно, од големи камења сиви,
Нема извајани архангели, камени жили ниту фризови,
Има како украс само еден железен крст,
Еден часовник стар со бројчаник дрвен
На чија римскa натопена од дожд бројкa
Ниеден уметник не може да ѝ направи нова кројка.

Но, на скромниот бројчаник случајно стренчив вид
И како огнените зборови на Балтазаровиот ѕид
На проколнатата врата стои натпис
Со црни знаци еве овој запис:
Четири свечени латински збора,
Секој минувач читајќи ги својта судбина ја изговара :
„Секој час ни задава нова рана, а последниот не ранува смртно !
Да, вистина е, животот е постојана борба,
Нерамноправна борба против еден борец скриен,
Кој не може да го сопре ниту еден наш удар збиен;
И во нашите изрешетани срца, како во мета,
Стрели постојано една невидлива чета.
Ние сме осудени на пропаст, ќе исчезнеме сите
Раѓањето е почеток на смрт, ни се намалуваат дните,
И детето мало  вчера уште херувим меѓу ангелите беше,
Денес црвот од земјата веќе почнува да го гризе.
Часовникот ја пее воената песна
За смртта која постојано нè удира со силина бесна
Смртта, доволно моќна e да ja брани како од шега
Вечноста на Бога, која би сакале да е наша сега.
Под надзор на Свети Јован, качени на коњ болен
Часовите, без одмор, минуваат низ бројчаникот строен;
Како оние ликови тајни од средновековните песни,
Со затворени шлемови на нивните лица тесни
Чиешето оружје од челик станува на момент
Де бело, де црно како ден и ноќ.
Секоја сестра на повикот на ѕвоното е спремна
Копјестата игла да ja земе во спрега
И да не боцне в срце без трошка жал
крв да ни повлече кап по кап, полека да нѐ втурне в земја, в кал
сè до денот суден, кога за последен пат ќе се појави
со црн бајрак без да ни се најави.
Онаа  која не ја очекуваме, која секогаш доаѓа
Чијшто чекор од првиот роден наш ден почнува да поаѓа!
Таа оди директно кај вас, со цврста рака
Ве ранува смртно во бок без никаква мака
И после смртниот удар се враќа на својот коњ
А трупот ви е веќе в дупка, душата во вечен сон.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели