(Инспирирана од романот „Папата Јована“)
Осамена, различна, осудена, една,
лебед меѓу диви гуски.
Белината нејзина-за другите црно.
Бистрината нејзина-за другите матно.
Милосрдието нејзино-за другите тешко клатно!
Стрела устремена кон врвовите,
нив предизвик ги стори и јурна горе.
Франкиски, саксонски, латински, грчки,
за неа: само од иста палета различни бои!
Цицероновите кој, што, како, каде, зошто-
резонирачки правец и животно мото.
Со молитва на усни за ранети души
осудени да патуваат сами,
всушност беше ружина пупка
на која Сонцето и е странец.
Пупка што во мракот расне,
од него поттик и сила зема
да го урне, да го победи, да го згроми,
ширејќи ги така венечните лисја
кон надвор,
кон белината
кон светлината-
го дофати врвот
и папа стана!
13 Септември, 2022