„Пушти ги нека зборуваат“ е првата збирка на младата поетеса Марија Бакиевска чија промоција ќе се оддржи на 11.11.2022 година во Офицерски дом – Битола, а промотор ќе биде издавачот на книгата Јулијана Наумовска.
Како си Марија, како е да се биде во кожата на Марија?
– Извонредно сум. Добро се чувствувам и кога човек би бил во мојата кожа би поминал низ голем адреналин, би седел со часови на мостот на љубовта и дишејќи ги мислите, а издишувајќи ја желбата би Го прашувал Создателот каде денес да ги адресирамее пораките на потикот, утехата и радоста, а потоа би уживал во аромата на ладното утринско кафе!
Што се крие зад насловот на збирката?
– Зад насловот на збирката
Се крие кодот на слободата
Огледалото на вредноста
И одделото на постојаноста
Колку време ти беше потребно за да ја подготвиш за печатење?
– Печатењето траеше околу 10 дена, благодарение на тимот на златно перо!
Кој издавач стои зад твојата збирка?
– Издавачката куќа Златно Перо.
Што читаш во слободно време? Кој жарн ти е омилен?
– Во слободно време читам поезија, се навраќам на некои веќе прочитани книги потсетувајќи се на одредени делови кои ме рестартираат во сегашноста!
Според книгата која треба да се промовоира на 11.11.2022 во Битола, поезијата ти лежи многу добро. Прашањето (многу неблагодарно) кое се наметнува само: Дали повеќе сакаш проза или поезија?
– Повеќе ја сакам поезијата!
Честопати поетите имаат инспирација од делата на други поети, ние сакаме да знаеме: Кој е твој омилен поет/еса и зошто тој/таа?
– Мојот омилен поет Клајв Стејплс Луис, затоа што неговата уникатност ги отвара прозорите на длабочината и ја подига речиси таа атмосфера на прашања кои ја бараат вистината дека човекот е создаден за многу повеќе од тоа денес и утре!
Дали веруваш во љубовта и во нејзината моќ? Колку се застапени романтични стихови во збирката?
– Целосно верувам во љубовта и нејзината моќ, преку љубов сме создадени, преку љубов сме откриени и преку таа љубов сме за вечност облечени! Нејзината моќ е горивото на нашата смисла и постоење! Има една цела тема во збирката која зборува за љубовта кон себе!
Од што ги пушташ луѓето, која е пораката која самата книга ја носи според насловот?
– Луѓето ги пуштам од оковите на зборовите кои знаат понекогаш да нè врзат со денови, месеци па дури нажалост и со години! Озборувањата се како комар, колку повеќе вложуваш толку повеќе е загарантирана загубата!
Емоциите претпоставуваме дека не изостануваат во ниедна песна, со оглед дека имаме објавувано твои песни на блогот низ месеците наназнад. Кои емоции се клучни кај тебе при творењето? Како треба да се чувствуваш за да почнеш да пишуваш?
– Клучни емоции при творењето ми се љубовта, радоста и болката! За да почнам да пишувам треба да се чувствувам инспирано, да се наоѓам во подрумот на себерефлексијата, и да се задржам некое време во туѓата кожа!
Што е она што не си го порачала во книгата во самите песни, а сакаш да го порачаш на секој што ќе ја земе во раце?
– Она што сакам да го порачам а не сум го порача во песните е дека многу го сакам читателот на таа книга, без разлика тоа што не ги познавам сите што ќе ја прочитаат мојата книга сепак во моето срце се запишани нивните имиња!
Порака до читателите на Крајбрежје?
– Главата горе, рамењата во висина, очите кон длабочината, рацете со отворени дланки, и заедно трчаме кон целта да станеме најдобрата верзија од себе! Со почит и љубов Марија!
Целиот тим на Марија од срце ѝ посакува да продолжи да твори, да биде најдобрата верзија од себе пишувајќи од љубов кон себе и кон луѓето, уште многу дела и успеси на секое поле!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.