Skip to content

10 цитати од 10 писатели и поети за прекрасниот ноември

Ноември, по којзнае кој пат ни измина, па редно е да го испратиме како што треба. Во прилог прочитајте го изборот на десетте најубави квоти за ноември кажани од десет писатели и поети. Уживајте во читањето.

1. „Ама темнината се чувствува поинаку во ноемри“. – Нина Меклафлин

2. „Мирисот на дождот и наводенетите дрвја – мирисот на последните денови од ноември“. – Михаил Сибастиан

3. „Знам дека имав умрено еднаш претходно – еднаш во ноември“.– Ан Секстон

4. „Во ноември, земјата се стишува. Си го мести креветот, зимски кревет за цветови и мали суштества. Креветот е бел и тивок и многу живот може да се сокрие под неговите ќебиња“. – Синтија Рајлант

5. „Куќата беше многу тивка и маглата – во ноември сме сега – залепени за прозорците како изоставени духови“. –Е.М. Форстер

6. „Сега во ноември поблиску доаѓа сонцето долу до напуштениот рај“. – Д.Х. Лоренс

7. „На Ветерот што создава музика во ноемвриската пченка му се брза. Стебленцата потпевнуваат, лабавите лушпи се размавтуваат кон небото со виртуелни, полуразиграни движења, а ветерот си брза, па брза… Едно дрво се обидува да се искара, со голите екстремитети се размавтува, но ветрот ништо не го задржува“. – Алдо Леополд

8. „Ни сенка, ни сјај, ни пеперутки, ни пчели, ни плодови, ни цвеќиња, ни лисја, ни без птици – ноември!“ – Томас Худ

9. „Летото пристигна во ноември и тоа, пристигна со сиот свој блесок “. – Амелија Мелор

10. „Понекогаш мислам дека не сум жена, туку оваа светлина што паѓа на оваа врата, на оваа земја. Размислувам понекогаш, јас сум годишните времиња, јануари, мај, ноември; калта, маглата, зората“. – Вирџинија Вулф

Прочитајте и „10 цитати за октомври – Најпоетичниот месец од сите нив“.

Напишете коментар