По повод 192-иот роденден на една од најдобрите американски и светски поетеси, Емили Дикинсон, денес на блогот објавуваме десет нејзини избрани квоти и стихови. Се надеваме дека ќе уживате во читањето.
1. „’Надежта’ е она чудо со пердуви
Што се сместува во душата
И ја пее без зборови песната
И никогаш не запира.“
2. „Ако спречам барем едно срце да се искрши, нема да ми бидат овие дни залудни.“
3. „Засекогашноста е составена од Сегашности.“
4. „Ако читам книга и таа толку ми го замрзне телото што ниеден оган никогаш веќе не ќе може повторно да го згрее, тогаш знам дека тоа е поезија. Ако физички се чувствувам како темето од главата да ми експлодирало, тогаш знам дека тоа е поезија. Само на овој начин јас го знам тоа. Постои ли некој друг?“
5. „Незнаејќи кога Зората ќе пристигне,
Секоја порта ја отворам.“
6. „Јас сум Никој! Кој си ти?
И ти Никој дали си?“
7. „Живеам во Можности.“
8. „Природата е опседната куќа — ама — Уметноста е куќа што пробува да е опседната.“
9. „Донеси ми го зајдисонцето во финџал.“
10. „Диви ноќи – Диви ноќи!
Кај јас со те
Диви ноќи да ни се
Луксузување!“
Превод и препев: Анастасија Лефкоска
Прочитајте и „Диви Ноќи (269) – Емили Дикинсон“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.